Филипче: Борбата не запира, но денес се бориме да го заштитиме здравјето и да го победиме невидиливиот непријател
Честит Илинден! На денот кога ги чествуваме сите херои низ историјата на нашата земја во име на борбата за слобода и независна држава, наше е, на сите нас заедно да го дадеме својот влог во доброто на земјата. Борбата не запира, но денес се бориме да го заштитиме здравјето, нашето здравје и да го победиме невидиливиот непријател. Мораме сите заедно сплотени, без исклучок да го дадеме својот дел, својот придонес во борбата против коронавирусот – да ги почитуваме мерките, да се заштитиме себе, своите најблиски, јавното здравје и хероите на нашето време – здравствените работници, напиша на својот ФБ профил, министерот за здравство д-р Венко Филипче.