Филмот „Брит Мари беше тука“ ќе се прикажува во Центарот за култура во Охрид
Кино проекции во среда (17.11.2021) и четврток (18.11.2021) почеток 19.00 часот, цена на карта 100 денари.
KРАТКА СОДРЖИНА:
63-годишната Брит-Мари го напушта неверниот сопруг по 40 години брак и животот на посветена домаќинка. Вистински предизвик е да најде работа во малиот град Борг особено откако ќе ѝ кажат дека е досадна пасивно-агресивна тетка. Се вработува како тренер на детски фудбалски тим и така почнува нејзиното патување сочинето од тешки предизвици, борби, но и љубов.
Година: 2019
Режија: Тува Новотни
Времетраење: 97 мин
Земја: Шведска
Жанр: Комедија, драма, спорт
Дистрибутер за Македонија: КТ Филм и Медиа
Шведска продукција базирана на бестселерот на Фредрик Бакман
Картите по цена од 100 денари ќе бидат пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.