Филмот „Глас“ на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид
„ГЛАС“ филм на режисерот Огњен Свиличиќ на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид во деновите 28 и 29 септември 2022 година со почеток во 20.00 часот, цена на карта 100 денари.
Долгометражниот игран филм „Глас“ на хрватскиот режисер Огњен Свиличиќ, во кој малцински копродуцент е „Скопје филм студио“, влезе во програмата на 24. Интернационален филмски фестивал во Бусан, Јужна Кореја (Busan International Film Festival-BIFF), еден од најзначајните азиски фестивали, кој ќе се одржува од 3 до 12 октомври.
„Скопје филм студио“ соопшти дека светската премиера на „Глас“ ќе биде во рамки на програмата „World Cinema“, која е значајна затоа што ги прикажува новите филмски остварувања на режисерите кои со своите дела помагаат да се разберат последните трендови во светската кинематографија. Програмата е посветена на нови неазиски наслови на реномирани режисери, како и филмски хитови од штотуку завршените светски фестивали.
„Глас“ е копродукција меѓу „Максима филм“ од Хрватска, „Скопје филм студио“ од Македонија и „Биберче продукција“ од Србија, а проектот беше поддржан од Агенцијата за филм, Хрватскиот аудиовизуелен центар, Хрватската радио-телевизија и Филмскиот центар на Србија.
Филмот е приказна за младо момче кое пристигнува во католички интернат и дава отпор на верските практики на училиштето. Учениците и наставниците го сметаат момчето за прилично чудно.
Сценариото за филмот го напишаа Огнен Свиличиќ и Маријана Верхоев, директор на фотографија е Маринко Маринкиќ, сценограф е Ивана Шкрабало, костимографијата е на Емилија Ивановска-Атанасовска, снимател на звук Игор Поповски, а монтажата на Наташа Пантиќ. Продуцент на филмот е Дамир Терешак а копродуценти се Томи Салковски и Николина Вучетиќ. Улогите ги толкуваат: Франко Јаковчевиќ, Белма Салкуниќ, Игор Ковач, Карла Брбиќ, Барбара Вицковиќ.
WebOhrid / 26.09.2022 / Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид