Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ повторно на кино репертоарот во НУЦК Охрид
Филмот “Господ постои, името ѝ е Петрунија” повторно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид во ПЕТОК 29.01.2021 година, почеток во 18.00 часот, цена на карта 100 денари.
Оригинален наслов:Господ постои, името ѝ е Петрунија
Траење на филмот: 100 Минути
Земја / година: BEL, HRV, FRA, MKD, SVN/2019
Жанр:Драма
Глумци: Зорица Нушева, Лабина Митевска, Петар Мирчевски, Виолета Шапковска, Симеон Мони Дамевски, Суад Беговски, Илија Волчески, Стефан Вујисиќ, Андријана Колевска,Владимир Тулиев
Режија: Теона Стругар Митевска
Возрасна Категорија: + 16
Темата е несомнено интересна, а уште повеќе ветуваат и ликовите кои ја носат приказната, секако на чело со Петрунија, во улога на Зорица Нушева.
Петрунија има 32 години и е навработена историчарка која живее со мајка ѝ и татко ѝ. Живеат од социјална помош и од работата што повремено ја наоѓа мајка ѝ. Петрунија одбива да се вработи во текстилна фабрика. Таа одбива да ја прифати традиционалната улога што ѝ ја наметнува општеството. Упорна е и одлучна да дојде до заокружувањето на својата идеја, без оглед на околностите.
СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!