22/11/2024
Охрид

Филмот „Стела“ во петок повторно на кино репертоарот во НУЦК „Григор Прличев“ Охрид

Филмот „Стела“ повторно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, во ПЕТОК 19.02.2021 година, со почеток во 19:00 часот, цена на карта 100 денари.

По обид за самоубиство на едно десетгодишно дете, кое е жртва на малтретирање во училиште, Стела (шарпланинка) е единствената која може да го спаси и да му ја обнови верата во животот.

Оригинален наслов: СТЕЛА
Траење на филмот: 91 Минути
Земја / година: MKD/2019
Жанр: Драма, Семеен
Глумци: Дејан Лилиќ, Тони Михајлоски, Петар Маниќ, Симеон Дамески, Христина Поповиќ
Режија: Стојан Вујичиќ
Дистрибутер: Дрим Фектори

СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!

Продуцентот Огнен Антов вели дека „Стела“ е приказна за еден шарпланинец, едно дете и за еден дедо. Филмот е копродукција на „Дрим фектори“ од Македонија, „Акција продукција“ од Србија и на „Моуна“ од Германија.

Улогата на Никола ја игра 12-годишниот Петар Маниќ, за кого ова е филмско деби, а во кастингот се и Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и Христина Поповиќ, позната од српскиот филмски хит „Парада“.

Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографер е Гого Клинчаров, а костимограф е Милена Миленковиќ. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и од Филмскиот центар на Србија.