Филмска проекција „Евгенија Гранде“ во Охрид
Филмска проекција „Евгенија Гранде“ во Охрид | 29.06.2022
Среда 29 јуни 2022, 21 часот | Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид
Проекција на филмот „Евгенија Гранде“
на режисерот Марк Диген (2020) со Жосефина Жапи и Оливје Гурме
Феликс Гранде е господар на скромна куќа во Самир, во која живее со неговата жена и со ќерката Евгенија. Тие водат вообичаен и мирен живот. Неверојатната скржавост го спречува да ги согледа одличните прилики што и’ се укажуваат на ќерката за венчавка. Никој не смее да се доближи до неговото огромно богатство скриено од сите. Ненадејното пристигнување на внукот, сирак и пропаднат париски кицош, целосно го менува текот на животот на младата девојка. Љубовта и благородноста на Евгенија кон братучедот ќе предизвика неизмерно незадоволство кај таткото. Во заладени односи со ќерка си, тој е подготвен повеќе од кога било да жртвува сè за своето богатство, дури и сопственото семејство…
Критика:
Филм за еманципацијата на една млада жена, која е доста умешна и не е толку повлечена како што се чини. (Воаси)
Марк Диген додава одличен зачин на Балзаковската основа и тоа на префинет начин, со грижа за деталите и преку одличната изведба на извонредното актерското трио. (Фигаро)
Една извонредна филмска фотографија, која остава впечаток на амбиент на фламандско сликарско платно, помеѓу златесто топли нијанси и темни бои на простории кои изгледаат дека се лошо затоплени и со минималистичко уредување. (Телерама)
Со превод на македонски јазик.
Слободен влез!!!
WebOhrid / 27.06.2022 / Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид