Финале за Дејан Георгиевски на Олимписките игри во Токио
Дејан Георгиевски во полуфиналето на Олимписките игри во Токио го совлада ИН КЈО ДОН од Јужна Кореа со резултат 12:6 и се пласира во финалето на Олимпискиот Таеквондо турнир!
Тој во одлична борба, тактички извонредно подготвена од страна на неговиот стручен штаб, од Борче и Дејан Костовски, сигурно ја имаше под контрола борбата и самоуверено го победи својот противник од Јужна Кореа.
Дејан во финалето, за златниот медал, во 21:45 часот, (14:45 часот по македонско време) ќе се бори со Ларин Владислав кој во полуфиналето го совлада Хонгји Сун од Кина со резултат 30:3.
Дејан веќе го има победувано Ларин Владислав од Русија и очекуваме тактичка и трпелива борба во финалето на Таеквондо турнирот на Олимписките игри ТОКИО 2020!