Финансиска поддршка за еднодневни туристички патувања на пензионерите од Општина Дебрца
Согласно Годишната програма за социјална заштита Општината Дебрца обезбедува финансиска поддршка за еднодневни туристички патувања на пензионерите до излетнички места во државата и соседните земји.
Во тој контекст, Општината ги покрива трошоците за превоз за денешната еднодневна екскурзија на пензионерите од општина Дебрца на релација Дебрца-Свети Наум, Поградец- Корча-Воскопоје ( Република Албанија ) и обратно.
„Остануваме отворени и за други видови на соработка и поддршка на активностите на пензионерите од нашата општина.“– велат од Општина Дебрца.