26/11/2024
Охрид

Финишира првата фаза од реконструкцијата на улицата „15-ти Корпус“

Деновиве финишираат градежните активности од првата фаза за реконструкција на улицата „15-ти Корпус“.

Во текот на вчерашниот ден завршија активностите за поставување на првиот асфалтен слој на коловозот, на потегот од крстосницата со улица „Железничка“ до мостот на реката „Сушица“.

Претходно, во рамки на овој потег се изврши поставување на нова атмосферска канализација и се вршеше уредување на пашачките и велосипедските патеки од двете страни на улицата.

Втората фаза за реконструкција на оваа улица, на потегот до влезот на село Лескоец е веќе започната, со изградбата на три потпорни ѕидови. Според планираното, во текот на наредната седмица ќе започне и поставувањето на атмосферската канализација на овој потег.

Вкупната должина на улицата „15-ти Корпус“ е 1900 метри.  За овој проект се предвидени 58 милиони денари. Од нив 30 милиони денари се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, а 28 милиони денари од ЈП „Државни Патишта“.