25/11/2024
Спорт

Финска 0:0 Македонија

Македонија и Финска одиграа натпревар без голови на „Глорија“ арена во турски Белек. На пријателскиот дуел нашата репрезентација имаше поголем број прилики за погодок од противникот, но не успеавме да реализираме. Со позитивниот резултат ја продолжуваме серијата без пораз и го насочуваме фокусот кон следниот контролен натпревар против Азербејџан на 27. март.

Нашата репрезентација прва се закани кон голот на Финска. Најпрвин Езџан Алиоски од слободен удар во шестата минута, а веднаш потоа по корнерот на Барди, Илија Несторовски беше за малку прекраток на втора статива.

Јоел Похјанпало во 11. минута не беше прецизен во првиот обид на Финска кон голот на Димитриевски.

Во 21. минута, одлична комбинација на Барди и Ристовски, фудбалерот на Спортинг упати добар центаршут во петерецот на Финска, но Алиоски не беше прецизен со глава. Во 30. минута по центаршут од слободен удар на Барди, Висар Муслиу одлично биеше со глава, но голманот Храдецки беше на вистинско место.

Вистинска прилика за отворање на резултатот во 58. минута имаше Аријан Адеми, по одбиена топка од противничката одбрана, нашиот фудбалер од средниот ред излезе сам пред голот, но Храдецки одлично интервенираше и спречи водство на Македонија.

Во 64. минута, Илија Несторовски шутираше од 20-на метри, но повторно на вистинско место беше голманот на Финска. Три минути подоцна и обидот на капитенот Горан Пандев беше блокиран во шеснаесетникот на Финска.

Финска во 75. минута најубавата своја шанса ја пропушти преку Робин Лод кој од одлична позиција шутираше крај голот на Димитриевски.

Македонија – Финска 0:0

Пријателски натпревар, „Глорија“ арена, Белек, Турција

Македонија: 1. Столе Димитриевски, 4. Кире Ристевски, 5. Аријан Адеми, 6. Висар Муслиу, 8. Езџан Алиоски (87` Марјан Радески), 10. Горан Пандев (88` Иван Тричковски), 11. Енис Барди (66` Бобан Ноколов), 13. Стефан Ристовски (90` Кристијан Тошевски, 14. Дарко Велковски, 20. Стефан Спировски (90` Ѓоко Зајков) 23. Илија Несторовски (79 Александар Трајковски); Селектор: Игор Ангеловски;

2. Кристијан Тошевски, 3. Ѓоко Зајков, 7. Иван Тричковки, 9. Александар Трајковски, 16. Бобан Николов, 19. Марјан Радески;

Финска: 1. Лукас Храдецки, 2. Арајури, 4. Тоивио, 7. Робин Лод, 10. Тему Пуки, 11. Шилер, 13. Соири (68` Јагуби), 14. Тим Спарв, 15. Саули Ваисанен, 17. Јуха Пиринен, 20. Јоел Похјанпало (48` Пелвес); Селектор: Марку Канерва