Физички лица – До 15 јануари поднесете пријава за регистрација за ДДВ
Управата за јавни приходи ги информира сите даночни обврзници-физички лица кои вршат стопанска дејност оданочива за целите на ДДВ, а во предходната календарска година (2017) оствариле вкупен промет над 1.000.000 денари, дека имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01) најдоцна до 15 Јануари 2018 година.
Во вкупниот промет за регистрација за целите на ДДВ влегуваат приходите остварени врз основа на вршење на стопанска дејност, како што се дејностите на вештаци и стечајни управници, приходи од земјоделска дејност, приходите остварени врз основа на договор на дело, приходите остварени од издавање под закуп на деловен простор, приходите остварени од авторски договори и права од индустриска сопственост, приходите по основ на членување во надзорен одбор и сл.
Даночните обврзници кои во претходната календарска година (2017) не оствариле промет над 1.000.000 денари можат доброволно да се регистрираат за целите на ДДВ со поднесување на Пријава за регистрација за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01) најдоцна до 15 Јануари 2018 година.
Пријавата ДДВ-01 може да се преземе преку веб страницата на УЈП (види http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/189) и истата може да се достави: по пошта; лично до Регионалната дирекција на УЈП (според седиштето/живеалиштето на даночниот обврзник); или по електронски пат http://etax.ujp.gov.mk
Корисни информации
- Флаер „РЕГИСТРАЦИЈА И ОДАНОЧУВАЊЕ СО ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА“ (преземи http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/68)