23/11/2024
Охрид

Физички нападнат советник во Советот на општина Охрид

На 10.06 .2019 година, Џ.М. (25), советник во Советот на општина Охрид, пријави дека, истиот ден околу 14 часот, додека извршувал работни задачи во Општина Охрид, по неговото излагање на седница, физички бил нападнат од Н.У. од Охрид-советник во Советот на општина Охрид.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против Н.У. ќе поднесе соодветна пријава.