Форум на ИКОМОС за материјали и методи за конзервација и реставрација
Националниот комитет на ИКОМОС во соработка со Завод и музеј-Охрид денеска организира форум за традиционалните и новите материјали и методи за конзервација, реставрација и зајакнување на недвижното културно наследство …
На форумот ќе има учесници од МАПЕИ Бугарија. Ќе се одржи во Куќата на Уранија во Охрид со излагање на претседателот на ИКОМОС Македонија, Лазар Шуманов.
ИКОМОС Македонија е еден од 110-те национални комитети на Меѓународниот ИКОМОС (Интернационален совет за споменици и локалитети).