22/11/2024
Охрид

Фотографирале девојки на плажа во Охрид, сликите ги објавиле на веб-страница за интимни средби

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.К.(29) од Свети Николе и Н.Ц.(31) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторенo продолжено кривично дело ,,злоупотреба на лични податоци”.

На 23.07.2017 година на плажа во Охрид пријавените фотографирале лица и им ветувале дека фотографиите ќе бидат доставени до модна агенција во Република Србија, а за услугата им дале надомест од 600 денари. Во текот на 2018 година, пријавените, фотографиите и личните податоци од лицата, без нивно знаење и согласност, ги поставиле на веб локација „anastasiadate.com”, намената за остварување контакти и интимни средби со девојки, со што на истите им нанеле штета на достоинството, честа и угледот.