Франческо Гетини победник на 32 издание на Охридскиот пливачки маратон
Денес се одржа 32 издание на Охридскиот пливачки маратон кој е трет и последен од овогодинешната серија на Ултра маратони на ФИНА Светската пливачка федерација. Маратонот стартуваше во 12:00 часот од Св.Наум, а за прв пат оваа година патеката „Климе Савин“ се пливаше 25 километри наместо 30 километри.
Победник на овогодишниот маратон е Франческо Гетини, пред неговите сонародници Едуардо Стокино на второ и Андреа Бјанки на трето место.
Од нашите претставници Евгениј Поп Ацев заврши на 7 место, додека пак Александар Илиевски заврши на 11 место.
Во женска конкуренција победи Италијанката Барбара Позобон, пред Ана Олаз од Унгарија на второто место и Алис Франко од Италија на третото место.
WebOhrid