Фудбалскиот терен на Градскиот стадион „Билјанини Извори“ ќе биде времено затворен до 29 март
ЈП „Билјанини Извори“ ја известува јавноста, посебно фудбалската, дека до 29 март градскиот стадион „Билјанини Извори“ (фудбалскиот терен) ќе биде затворен за користење.
„Месец март вообичаено е месец кога се вршат активности поврзани со фудбалскиот терен, а се со цел, подобрување на условите за тренирање и натпревари на фудбалските тимови. Вработените во одделението градски стадион веќе се започнати со реализација на предвидените активности и тоа аерификација, ѓубрење и садење на трева.
ЈП „Билјанини Извори“ им се заблагодарува на сите за разбирањето и соработката, посебно на фудбалските школи и тимови.“ – стои во соопштението од ЈП „Билјанини Извори“ Охрид.
WebOhrid / 21.03.2024 / ЈП „Билјанини Извори“ Охрид