„Галеб “ премиера на Македонскиот народен театар
На сцената на Македонскиот народен театар утре (18 декември) со почеток во 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Галеб“ од А.П. Чехов во режија на Нина Николиќ…
Главните улоги во претставата ги толкуваат Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Дарја Ризова, Петре Арсовски, Емил Рубен, Благој Веселинов, Сашка Димитровска, Славиша Кајевски, Тина Трпкоска, Дамјан Цветановски и Аксел Мехмед. Во поставувањето на претставата учествуваа и повеќе соработници меѓу кои сценографот Вишња Вујовиќ од Србија, дизајнерот на светло Крис Јегер од Велика Британија и кореографот Димитрис Сотириу од Грција. Композитор на главната музичка тема во претставата е македонскиот виртуоз на гитарата Влатко Стефановски.
Непосредно пред премиерата во фоајето на Македонски народен театар ќе биде отворена и изложбата насловена „Петре Арсовски, 50 години театар“ со која ќе биде одбележан јубилејот на доајенот на македонското актерство – Петре Арсовски. Изложбата која претставува визуелно сведоштво за живот на сцената на актерот Петре Арсовски ќе биде прикажан развојот и низата остварени ликови на еден од најпочитуваните актери во македонското глумиште.