22/11/2024
Охрид

ГДУ: Охрид 10 години наназад

„СДСМ „Ќе“ кампањата – Софистицирана фабрика за рециклажа, затворен базен, катни гаражи, гасификација, спортски стадион во Лескоец, реконструкција на постоечката сала „Билјанини извори“, канализација на повеќе места, стационар итн.

ДПМНЕ „за малку“ кампањата – Субрата Рој и претварањето на Охрид во Дубаи, Аква парк, затворен базен, олимписки базен, катни гаражи, регионална депонија, стационар, канализација на повеќе места, автопат кон Св.Наум, Галичица и жичарата итн.

Едно е сигурно, а тоа дека очигледно препишувале, но не успеале ништо да научат. За повеќе стационари, аква паркови, софистицирани фабрики и инвеститори како Субрата Рој, одберете една програма „за малку ќе направевме“.“ – истакна Даниел Јорданоски, претседател на ГДУ- Охрид.