ГДУ: Преземете соодветни мерки за да се спречи овој раздор и безредие
Граѓанско демократската унија (ГДУ) Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„Изминативе денови е исполнета агендата на парапатчиња, платформи и селектирани дивоградби, но тоа како да ни стана секојдневие. Впрочем не така одамна слушавме од разни личности од врвот на СДСМ како се грижат за Охрид и охриѓани, но како и секогаш два дена пред избори.
Имено уште во 2016-та година госпоѓата Шекеринска и господинот Тунтев зборуваа само за УНЕСКО, но од тогаш до денес не го ни спомнуваат.
Зоран Заев актуелен постана со кафе муабетот т.е зделката со советникот, ако се сеќавате градбата кај чинарот беше стопирана пред избори и ден после избори продолжи со полна пареа, но како и секогаш манипулации и лаги. Истиот тој Заев наговестуваше борба против градежната мафија, бидејќи чесно е да се каже дека не е само советникот Нефи Усеини, впрчем во Охрид има многу повеќе од тоа. Помина 1 година откако Заев го спомна УНЕСКО, а тогаш тврдеше дека ќе се руши и дека нема зделки, но делата покажуваат во спротивниот правец.
Би го спомнале и градоначалникот кој во целата ситуација е како марионета, на која ако и дозволат ќе мрдне, ако не ќе се брани со молчење. Чесно е да се каже дека власта т.е поранешниот премиер ветуваше помош и конечна разрешница, но по се го оставија да плива, но на суво.
Од името на ГДУ и нашите сограѓани ве повикуваме да престанете со селективност и да преземете соодветни мерки за да се спречи овој раздор и безредие. Јавно го повикуваме градоначалникот, ако нема смелост и финансии да се справи со долгогодишниот проблем со дивоградбите, тогаш да ги предаде ингеренциите на државата. Исто и до претседателот на СДСМ Зоран Заев го повикуваме да се произнесе дали сѐ уште знае каде е Охрид и што се случува со УНЕСКО и дивоградбите?“ – стои во соопштението од ГДУ Охрид.