ГДУ во коалиција со Движењето на слободни граѓани на претстојните парламентарни избори
Граѓанско Демократската Унија заедно со Движењето на слободни граѓани, денес ја објави својата коалиција за претстојните парламентарни избори.
„Ние од Граѓанско Демократската Унија и Движењето на Слободни Граѓани, активисти и приврзаници, се здруживме да го предизвикаме овој корумпиран политички систем за да и ставиме крај на оваа „партиска диктатура“ која не ограничува, осиромашува, која не гуши и иселува од земјава , која секојдневно не обезвреднува и понижува.
Се обединивме затоа што сакаме Македонија да биде правна држава.
Затоа што властите секојдневно ги газат граѓанските права и слободи.
Затоа што партиските бирократии глумат јавна администрација.
Затоа што политичкиот систем во Македонија е корумпиран.
Затоа што не сакаме Македонија да биде изолирана.
Затоа што профитот на неколкумина е поважен од животот на многумина.
Затоа што новинарите се слободни да го напишат она што им е наредено.
Затоа што судските постапки траат подолго од животот на граѓаните.
Затоа што образованието е во рацете на партиските јуришници.
Затоа што јавниот здравствен систем е опасен по живот.
Затоа што корумпираноста е доблест, а чесноста – срам.
Затоа што криминалот се исплатува.
Затоа што…
Затоа…“ – стои во соопштението од ГДУ и Движењето на слободни граѓани.