Георгиески: Апел до охриѓани и сите посетители кои се во градот да ги почитуваат сите мерки за заштита од Ковид 19
Упатувам апел до жителите на Охрид и сите посетители кои во текот на празничниот викенд туристички ќе престојуваат во градот, да ги почитуваат сите мерки и препораки за заштита и превенција од Корона вирусот-Ковид 19.
Да се носат заштитни маски
Да се одржува потребна дистанца при посета на храмовите
Да се одржува лична хигиена според препораките
Да се избегнуваат семејни собири и други друштвени групирања.
Да празнуваме одговорно, да го зачуваме сопственото и јавното здравје!