23/11/2024
Охрид

Георгиески: Денеска направивме сериозен напредок го намаливме долгот на 470.000.000 денари

Еден од предизвиците со кои се соочив кога стапив на функцијата градоначалник беше задолженоста на општината која требаше сериозно да се намали за да се врати нејзината функција. Денеска направивме сериозен напредок и од долг кој изнесуваше 1.573.036.905 ден во 2017 година, го намаливме на 470.000.000 денари.
Паралелно со намалувањето на долгот инвестиравме и во инфраструктурата, образованието, социјалната заштита и заштитата на статусот на Охридскиот регион.
Токму оваа наша заложба покажува дека со вистински план, искрена желба и труд резултатите се постигнуваат. Со ист ангажираност продолжуваме да работиме за сите граѓани.