Георгиески: Денешниот Меѓународен ден на медицинските сестри им е посветен нив, за нивниот труд и нивната пожртвуваност
Голема благодарност до медицинските сестри кои во оваа Ковид криза ја покажаа својата клучна улога при справувањето со пандемијата. Нивната надчовечка посветеност и неуморна работа повеќе од една година спасија многу животи и израдуваа многу семејства.
Денешниот Меѓународен ден на медицинските сестри им е посветен нив, за нивниот труд и нивната пожртвуваност.
Ви благодариме за вашата човечност и истрајност целиот овој период.
Нека ви е честит Меѓународниот ден на медицинските сестри.