23/11/2024
Охрид

Георгиески: Можеме да обезбедиме долгорочна заштита и одржлив туристички развој на крајбрежјето на Охридското Езеро

Преку јасно дефинирана стратегија, координирани активности, меѓуопштинска и меѓугранична соработка, можеме да обезбедиме долгорочна заштита и одржлив туристички развој на крајбрежјето на Охридското Езеро.

Заедно со градоначалниците Рамиз Мерко и Илир Џаколи на одбележувањето на Денот на Охридското Езеро во Поградец разговаравме за сите актуелни прашања и сите мерки кои треба да се преземат за заштита на природата и исполнување на препораките на УНЕСКО.

Сите општини од брегот на езерото, треба подеднакво да се вложат и да преземат конкретни чекори кои ќе бидат во полза на целокупниот процес за зачувување на ова бесценето природно наследство.