Георгиески: Охрид денеска уште еднаш покажа дека има капацитет за фер, демократски, професионални и европски избори
Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ, Константин Георгиески заедно со неговата сопруга го остварија нивното право за гласање.
„Охрид денеска уште еднаш покажа дека има капацитет за фер, демократски, професионални и европски избори. Упатувам благодарност и честитки до граѓаните кои го остварија своето право на глас! Гласавме за да го избереме најдоброто.
#НајдобротоЗаОхрид’“ – истакна Георгиески.