31/01/2025
Охрид

Гласајте за WebOhrid за „Сајт на годината“ 2018

И оваа година WebOhrid е номиниран за „Сајт на годината“ во две категории и тоа: „Најдобар сајт за 2018 година“ и „Најдобар сајт за вести и информации“.

→ Гласај ←

Гласањето од интернет посетителите започна на 26.11.2018 и ќе трае заклучно со 09.12.2018.

Прогласувањето на најдобрите сајтови за 2018 година ќе се одржи на 13.12.2018 во просториите на Еу инфо центарот во Скопје во 18 часот.

Mанифестацијата “Сајт на Годината” во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk се одржува по деветти пат оваа година.

Изборот на Сајт на Годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Сајт на Годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.