Глобален ден на родителите
Глобалниот ден на родителите се одбележува на 1-ви јуни секоја година. Денот беше прогласен од страна на Генералното собрание на ОН во 2012 година со резолуцијата A/RES/66/292 и се однесува на родителите ширум целиот свет. Глобалниот ден дава можност за да се ценат сите родители во сите делови од светот за нивната несебична посветеност на децата и нивната доживотна жртва кон негувањето на оваа врска.
Во својата резолуција, Генералното собрание, исто така истакна дека семејството има примарна одговорност за издржување и заштита на децата, за целосен и хармоничен развој на нивната личност, кои треба да растат во семејна средина и во атмосфера исполнета со среќа, љубов и разбирање.
Резолуцијата ја признава улогата на родителите во израснувањето на децата и ги повикува земјите-членки да го прослават овој Ден за целосна соработка со граѓанското општество, каде особено се вклучени млади луѓе и деца.
WebOhrid