26/11/2024
Охрид

Глутница кучиња на „Егејска“ – граѓаните бараат итна реакција од надлежните

До нашата редакција пристигна допис од група граѓани кои живеат на улицита „Егејска“ во Охрид. Тие се загрижени поради глутница кучиња кои живеат на таа улица и се плашат за нивната безбедност. Апелираат до надлежните веднаш да се реши проблемот со кучињата скитници.

„На улицата „Егејска“ спроти магацините на Бисер пром живее глутница кучиња заради кои буквално не може посебно навечер да се помине безбедно и без стрес. Да не зборувам за вревата што ја предизвикуваат секоја ноќ. Се надевам дека овој проблем ќе биде решен во најкраток можен рок додека некој не биде повреден сериозно, па да се прошири проблемот и на други институции. Општина Охрид секаде јавно истапува дека се грижи за своите граѓани. Ова е можност да го докажете тоа.“– стои во соопштението од групата граѓани.

По добивањето на овој допис, денес во 15:30 часот екипата на WebOhrid излезе на терен на улицата „Егејска“ во Охрид и ги направи следните фотографии: