22/11/2024
Струга

Го ограбила свекорот и ги напуштила сопругот и децата

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела ,,запуштање и малтретирање на дете” и „кражба“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.А. (29) од струшкото село Шум.

Пријавената, на 30-ти минатиот месец го напуштила сопругот, семејниот дом и трите малолетни деца. Ден пред тоа, во куќата на нејзиниот свекор Ф.А. кој живее во соседното село Заграчани, таа извршила кражба на пет илјади евра и златни предмети.