23/11/2024
Охрид

Го оставила својот неподвижен син без никаква грижа, храна и надзор

На 21.07.2020 година, во СВР Охрид добиено е телефонско известување дека С.В.(39) од Охрид, во својот дом на улицата „Питу Гули“, без никаква грижа, храна и надзор, го оставила својот 11 годишен син кој бил неподвижен.

Центарот за социјални грижи и Црвениот Крст од Охрид, преземаат мерки за пронаоѓање на згрижувачко семејство, а на лицето му е дадена соодветна помош.

Против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.