22/11/2024
МакедонијаСтруга

Го прободел со нож, го врзал со јаже и му го одзел возилото

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.М.(40) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „одземање на моторно возило“.

Пријавениот на 24.11.2017 година во Струга во возило, после вербална расправија со М.И.(28) од Струга, којашто прераснала во физичка пресметка, го прободел М.И. со нож во грбот, и откако овој паднал на земјата, пријавениот продолжил да го удира, а потоа со јаже му ги врзал нозете, противправно го лишил од слобода, по што му го одзел возилото и заминал во непознат правец.