22/11/2024
Македонија

Годишен извештај за активностите на ЕФСА во однос на ризици кои се појавуваат во 2016 година

Европската агенција за безбедност на храна неодамна го објави годишниот извештај за активностите кои ги има спроведено во 2016 година во однос на ризиците кои се појавуваат, и истиот е достапен на следниот линк
http://onlinelibrary.wiley.com/doi/10.2903/sp.efsa.2017.EN-1336/epdf

Главни цели на активностите кои ги спроведува ЕФСА во однос на ризиците кои се појавуваат се:

(i) Спроведување активности со цел да се идентификуваат ризиците во областа на безбедноста на храната и

храната за животни, здравсствената заштита на животните и растенијата; и

(ii) Развивање и подобрување на методологиите и пристаапот за идентификација на ризиците.

Во извештајот се презентирани активностите на сите групи кои се вклучени во постапката за идентификација на ризици, проблемите со кои се соочиле во текот на 2016 година, опис на методологиите кои се развиле и активностите кои биле спроведени.