08/09/2024
Охрид

Годишен концерт на учениците од ООМУ „Методи Патче“

Синоќа во катедралната црква Св. Софија се одржа традиционалниот годишен концерт на учениците од ООМУ „Методи Патче“.

На концертот учествуваа најдобрите и најталентирани ученици кои во учебната 2023/24 година беа наградувани на државни натпревари во нашава земја и надвор од неа.

За постигнатите успеси покрај учениците годинава беа наградени и дел од наставниците  за посебен придонес и афирмација на музичкото училиште.

Проектите на оваа образовна институција беа поддржани од Општина Охрид и градоначалникот Кирил Пецаков, Македонската Православна Црква, фестивалот „Охридско Лето“ и други институции.


WebOhrid / 12.06.2024 / Општина Охрид