23/11/2024
Охрид

Голем дефект на водоводната мрежа на кружниот тек кај бензиската пумпа Макпетрол – Билјанини Извори

Поради настанат голем дефект на водоводната мрежа (пукната е главната цевка со профил ф300 мм на кружниот тек кај бензиската пумпа Макпетрол – Билјанини Извори), моментален прекин во водоснабдувањето има на поголема територија од централното градско подрачје.

За краток временски период водоснабдувањето ќе се нормализира а прекин ќе има само на улиците: „Кеј Македонија„, „Партизанска“ и дел од АСНОМ.

Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се излезени на терен и додека дозволуваат временските услови ќе се работи и во текот на ноќта, во спротивно со работа ќе се продолжи во раните утрински часови.