Голем интерес за претставата „Енергични луѓе“, влезниците распродадени
Влезниците за претставата „Енергични луѓе“ за петок (03.03.2023) се распродадени.
Поради зголемен интерес, претставата „Енергични луѓе“ според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски, повторно ќе биде изведена во петок (17.03.2023) со почеток во 20:00 часот.
Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска.
Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.
Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни.
Картите се со цена од 200 денари на билетарата при НУЦК „Григор Прличев” – Охрид. Без резервации.
WebOhrid / 02.03.2023 / НУЦК „Григор Прличев“ Охрид