23/11/2024
Македонија

Голема Богородица е неработен ден за граѓаните од православна веросповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 28 август 2019 година (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за граѓаните од православна веросповед во Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) на граѓаните од православна верисповед во Република Северна Македонија.