Горивата поевтинуваат за половина денар
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 0,69% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 26.05.2020 година.
Од вечерва на полноќ малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денар/литар и ќе изнeсуваат: ЕУРОСУПЕР БС-95 57,00 ден/лит, за ЕУРОСУПЕР БС-98 59,00 ден/лит, за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 49,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува на исто ниво како и во одлуката од 26.05.2020 година и ќе изнесува 37,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,167 ден/кг и ќе изнесува 23,260 ден/кг.
Од 02.06.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 57,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 59,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 49,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 37,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 23,260 (денари/килограм)
Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 02.06.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување и тоа кај бензинот во просек за околу 1,89%, кај дизелот има намалување во просек за околу 2,594%, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за околу 0,264% и кај мазутот намалувањето е во просек за околу 0,558%.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,464 %.
Согласно Методологијата за формирање на цените, вклучени се сите овие влезни параметри и извршено е соодветно прилагодување.