22/11/2024
Македонија

Горивата поскапуваат, само дизелот останува со иста цена

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија,  од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,45%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво, како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.07.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.07.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 71,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,585 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.07.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,369 ден/кг.


WebOhrid / 17.07.2023 / Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги