23/11/2024
Охрид

Горно Коњско доби нов резервоар за вода

Изграден е нов резервоар за вода во селото Горно Коњско со што ќе се реши деценискиот проблем со водоснабдувањето и недостигот од вода за пиење, со кој беа соочени жителите на оваа рурална населба.

Резервоарот има капацитет од 100 метри кубни и ги задоволува сите современи стандарди за изградба на вакви објекти.

Овој проект беше предвиден во Програмата за водоснабдување за 2020 година и за оваа намена од опшинскиот буџет беа наменети 1,8 милиони денари.

Во рамки на овогодинешната програма за водоснабдување, Општина Охрид веќе ја заврши тендерската постапка за изградба на нов резервоар за вода во селото Подмоље. Градежните активности за реализација на овој проект се очекува да започнат наскоро.