ГП „Илинден“ започна со градежни работи на „Туристичка“
Г.П. „Илинден“ – Струга започна со изведување на градежни работи на регионалниот патен правец Охрид – Свети Наум, конкретно во делот на булевар „Туристичка“ во должина од 3,5км. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
На возачите им се препорачува прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
WebOhrid