22/11/2024
Македонија

Грабеж во експозитура на НЛБ Банка во Сарај

Утрово во експозитурата на НЛБ Банка во општина Сарај лоцирана во ТЦ „Сарај Центар“, се случи грабеж од страна на вооружена група разбојници. Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба. Претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во експозитурата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план.

Во грабежот се украдени околу 115 илјади евра, а со цел побрзо откривање на деталите и разрешување на случајот, НЛБ Банка е во интензивна соработка со надлежните органи.

Во моментов поради истрага и расчистување на случајот, експозитурата Сарај не работи, а со редовна работа ќе продолжи од 10 јули 2019 година (среда).