28/11/2024
Македонија

Град Скопје со јавен повик за финансирање проекти и активности од културата

Градот Скопје вчера го објави Јавниот повик за финансирање проекти и активности од областа на културата за 2018 година. Право на учество имаат уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Македонија…

Може да се поднесат предлог-проекти за следните области: изведбени, музички, визуелни уметности и уметност на новите медиуми, издавачка и библиотечна дејност, музејска дејност и промоција на културното наследство, меѓународна соработка. Ќе се поддржат проекти, манифестации и активности во доменот на професионалното, аматерското и младинското делување.

Јавниот повик ќе трае до 18 декември 2017 година. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени во „Службениот гласник на Град Скопје“ и на официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk.

И годинава на веб порталот на Град Скопје www.skopje.gov.mk е објавен и Јавен повик за финансирање и поддршка на програмите на јавните установи од областа на културата основани од Град Скопје. Сите осум установи од областа на културата ќе можат да поднесат апликации за предлог проекти.

Повикот ќе трае до 18 декември 2017 година, а деталите на конкурсот, пријавата и другите документи може да се видат и подигнат на следниот линк: http://skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=9807&mid=482&tabId=