23/11/2024
Охрид

Градежни активности на неколку улици во Охрид

Екипи на одделението за изградба, одржување и реконструкција на локални патишта и улици при  ЈП „Нискоградба“ деновиве  работат  на поплочување  со бехатонски плочи на крак од улица „Сатеска“, а  се нивелираат и   шахти на булевар  „АСНОМ“. На ул. „7 Ноември“ се изведува приклучок на објект на канализационата мрежа. Одделението за водовод и канализација врши чистење на фекална и атмосферска канализација на истата улица на потег од Бензинската  пумпа  на „Макпетрол“ до кружниот  ток кај   Здружение на возачи.

ЈП „Нискоградба“ континуирано работи  на подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живеење во градот.