Градежни активности на повеќе делови во градот
На повеќе локации низ општина Охрид во тек се градежни зафати. За темпото со кои се одвиваат активностите, денес, од лице место се информираше в.д. градоначалникот Константин Георгиески.
Во рамки на обиколката в.д. градоначалникот, изврши увид на градежните активности за изградба на спортска сала во кругот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. Понатака на улицата „Егејска“ каде екипи на ЈП „Нискоградба“ вршат санација на дел од атмосферската канализација и во Рача каде на дел од коловозот се поставува тротоар. Градежните зафати ги изведува ЈП „Градски Гробишта“.