22/11/2024
Охрид

Градежни работници создавале бучава изведувајќи зафати во раните утрински часови

На 13.07.2024 година во 02:50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Македонски просветители“ во Охрид, градежни работници поставувале бетонска плоча на станбен објект во изградба.

При извршена контрола, полициските службеници, при изведување градежни зафати со работни машини кои создавале механичка бучава, ги затекнале В.К.(40) од Ресен и А.Л.(21) и Т.Д.(25), двајцата од Охрид, вработени во градежна фирма од Охрид.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.


WebOhrid / 13.07.2024 / СВР Охрид