Градоначалникот Георгиески оствари средба со претставниците на Здружението „Мозочен удар“
Градоначалникот Константин Георгиески, оствари средба со претставниците на Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен удар“. Претставниците на Здружението на градоначалникот накратко му го презентираа проектот „Квалитетно здравство“, чија цел е подобрување на здравствените услуги преку олеснување на пристапот на болните до здравствените услуги, набавка на медицинска опрема и медицинско возило.
Здружението за исполнување на овие цели организира караван во регионот на Југозападна Македонија низ сите населени места како и далечните рурални обласи. Населението во тек на акциите ќе има можност да се едуцира преку организација на предавања од страна на активисти на здружението но и да се прегледа, односно ќе се вршат прегледи на шеќер, холестерол, триглицериди во крв, егк преглед , проверка на крвен притисок и секој посетител ќе има можност за индивидуална консултација со невролог.
Градоначалникот ја изрази подготвеноста општина Охрид да даде свој придонес во реализацијата на зацртаните активности на Здружението.