Градоначалникот Георгиески во работна посета на Израел
Градоначалникот Константин Георгиески деновиве престојува во работна посета на Израел.
Во текот на вчерашниот ден, градоначалникот оствари средба со Ран Куник, градоначалник на градот Гиватаим, на која се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу двата града и потпишување на меморандум за соработка. Исто така се разговараше и за размена на искуства за искористување на иновациите и техничко технолошкиот развој за подобро функционирање на урбаните средини.
Градоначалникот Георгиески ја посети и Опсерваторијата и Центарот за наука, а беше во посета и на едно од деветте основни училишта во Гиватаим, каде што имаше свое обраќање и се запозна со начинот на одвивање на наставата и современите образовни практики.
Исто така, во рамки на вчерашниот ден, градоначалникот оствари и значајни средби со претставници на бизнис секторот на Израел, а беше во посета и на Smart City центарот во Универзитетот „Бар Илан“ во Тел Авив. Заедно со Амбасадорот на Израел во Република Северна Македонија, Дан Оријан градоначалникот проследи презентации за Smart City платформите за сообраќај и јавно осветлување кои се користат во различни урбани центри и метрополи во светот.