26/11/2024
Охрид

Градоначалникот Георгиески во самоизолација, неговите родители позитивни на Ковид-19

И покрај почитувањето на сите мерки и препораки за превенција, моите родители имаат позитивен тест на Корона вирусот КОВИД-19.

За среќа, за сега имаат лесна клиничка слика.

Согласно утврдените здравствени протоколи јас и целото мое семејство во текот на наредниот период ќе бидеме во изолација.

Упатувам апел до сите граѓани да бидат внимателни и максимално да ги почитуваат мерките за заштита, напиша на својот ФБ профил,  градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.