Градоначалникот Ногачески ги прими учесниците на 34-та ликовна колонија „Дебрца-2018”
Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески денес ги прими учесниците на 34-та ликовна колонија „Дебрца-2018”.
Пиејќи го заедно утринско кафе, градоначалникот на присутните уметници им ги презентираше спецификите на општина Дебрца, нејзините природни убавини како дополнителен мотив за создавање на нови ликовни дела.
На состанокот се разговараше и за издигнување на колонијата на повисоко ниво, се со цел нејзина афирмација на национално па и на светтско ниво, на што градоначалникот Ногачески даде ветување дека наредната година која е јубилејна 35-та, општина Дебрца ќе се вклучи директно, давајќи максимална поддршка во успешна организација.
Од 1983 година, Колонијата има своја Галерија, најнапред скромна во старата зграда на поранешната, како овде ја нарекуваат, италијанска касарна, од времето на окупацијата, додека од 2005 година, свој, современ објект со сите услови за галерскo ускладиштување и презентирање.