Градоначалникот Ногачески на одбележување на Светскиот ден на лицата со посебни потреби
Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески денес бев гостин на Здружението на лицата со инвалидитет за општините Охрид и Дебрца “Мобилност” и Сојузот за спорт и рекреација на инвалидите Охрид, а по повод одбележувањето на 3 Декември-Светскиот ден на лицата со посебни потреби.
„Во моето обраќање истакнав дека не само денес, туку секој ден треба да им го посветуваме на овие лица и да обезбедиме нивна целосна инклузија во општеството. Меѓу нив има личности со извонредни интелектуални, уметнички, креативни, спортски и други натпросечни способности и затоа на нив сосема заслужено им прилега името – лица со посебни способности.
Како општина и во изминатиот период и во иднина ќе преземаме повеќе мерки за подобрување на нивната општествена положба ( финансиска поддршка на програмските активности на нивните здруженија, олеснет пристап до јавните институции, поддршка за еднодневни излети и други активности на кои сме обврзани и со меѓународните документи и со националното законодавство).
Традиционално и оваа година Денот се одбележа со спортските игри, а мене ми припадна честа и особеното задоволство да ги поделам наградите на најдобрите учесници на игрите.“– вели Ногачески.